г. Нухи Незири е инаугуриран за градоначалник на Теарце.

 

Posted on November 04, 2021

По локалните избори во 2021 година и соопштувањето на конечните резултати до ДИК, градоначалник на Теарце со 4-годишен мандат станува г. Нухи Незири. За време на церемонијата на инаугурација, претседателот г. Нухи Незири го истакна неговите врвни приоритети.


Нашите општини ќе се водат заедно, зелено, паметно, чисто, отворено, правично и фер. Ова се нашите обврски


1. Зелена агенда - Што подразбира инвестирање во ефективно менаџирање на отпадот, завршување на системот за канализација и чиста вода за пиење, гасификација, патеки за трчање и велосипеди, паркинг, слободно движење, повеќе зелени површини, повеќе паркови.
2. Дигитална агенда - Една електронска администрација е клучот за ефикасна јавна услуга но и транспарентна давајќи целосна дигитална услуга. Е-општина подразбира и дигитализација на училиштата, брз, квалитетен и бесплатен интернет во сите населени места како и соодветна инфраструктура.
3. Агенда на „отворена врата“ и Агенда за вклучување на граѓаните - Градоначалниците се на услуга на граѓаните, а нашите општини им припаѓаат на граѓаните. За маката на граѓанинот не смее да има затворена врата. Сите граѓани ќе имаат целосен пристап до градоначалниците бидејќи општината е нивна. Секојдневната политика подразбира носење на брзи и важни одлуки кои влијаат на секојдневниот живот на граѓаните и нивната иднина. Вклучувањето на граѓаните во носењето на одлуките подразбира дека во носењето на големите одлуки нема да ги носи тесното раководство на општината, туку вие, граѓаните. Сите наши градоначалници се должни да организираат референдум за сите важни прашања и да ја почитуваат вољата на граѓаните.
4. Агенда за нулта толеранција - Да бидеш избран значи дека си ја добил довербата на граѓаните. Нашите градоначалници по секоја цена ќе ја обезбедат и заштитат оваа доверба. Затоа новина на овие избори е политиката НУЛА, што значи нула отпад, нула злоупотреби, нула лошо менаџирање, нула корупција, нула улични кучиња скитници, нула недостаток места за паркинг, нула изградби без дозвола, нула запоставени граѓани.

 

Општина Теарце www.TEARCE.gov.mk