Официјална посета од општина Келес- Република Турција

 

Од 02.10 до 06.10.2023 година, во општина Теарцe беше реализирана посета на делегација од Република Турција, предводена од градоначалникот на општина Келес, г-дин Мехмет Кескин, придружувана од г. Ердем Дургут, земјоделски Инженер, г. Хамит Ајгул директор од Министерството за земјоделство и шумарство, Омер Доган директор на огранокот за растително производство и растително здравје, како и координаторот на културниот центар на Косово во Бурса, г-дин Реџеп Гундуз.
Почесните гости ги пречекаа градоначалникот на општина Теарце, г-дин Нухи Незири, раководителот на секторот за локален економски развој Бесим Имери, одговорен за инспекторатот за општински активности Саладин Зеќири, шеф на кабинетот на градоначалникот Атмир Лума, како и директорот на ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ - с. Теарце г. Рухан Илази. Предмет на дискусија беше, образованието и продуктивните активности во општина Теарце во областа на земјоделството, сточарството, градинарството и туризмот.
Гостите ги посетија учениците во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ - с. Теарце, каде имаа можност да се запознаат со учениците и одблиску да го видат развојот на образованието, потоа ги посетија и вработените во општинското претпријатие “Хиѓиена„ на кои им донесоа донација од работна облека.
Следниот ден имаа можност да ги видат земјоделските површини и местата каде што може да се развива земјоделството и земјоделските производи, а потоа продолжија со средба организирана од страна на општината со земјоделците за одблиску да ги видат проблемите со кои се соочуваат тие како земјоделци и да се здобиват со нивното мислење и искуства. На оваа средба учествуваа и г-дин Африм Сејрани, раководител на подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Тетово, како и советникот г-дин Блерим Исмаили.
Последниот ден, делегацијата беше во посета на Државниот универзитет во Тетово, каде што беа пречекани од ректорот на универзитетот, проф. Др. Јусуф Зејнели како и деканот на Земјоделско-биотехнолошкиот факултет, доц. Др. Бардил Лимани. Со надеж дека овој почеток на меѓуопштинска соработка ќе донесе добро и придонес за сите учесници не само на регионалниот план туку и на медитеранскиот. Продолжуваме со мотото „Изградете поврзувачки мостови и рушете ги ѕидовите на поделбата!“ Со надеж дека меѓуопштинската соработка ќе донесе добро и корист за сите граѓани.

 

Канцеларија за информирање на општина Теарце

 

 

Posted on Octomber 06, 2023


Copyright © 2021 - Општина Теарце · All Rights Reserved