ИНДЕКС НА АКТИВНА ТРАНСПАРЕНТНОСТ 2024 година

 


Ова истражување е спроведено во рамките на проектот „Мониторинг на јавните набавки“ што го спроведува „Центарот за граѓанска комуникација“, а финансиски е поддржан од „Фондација Отворено општество“ - Македонија. „Активна транспарентност“ значи објавување на информации по иницијатива на самите институции, без поднесување никакво барање за пристап до тие информации.

Доброволно објавените информации им помагаат на граѓанските организации и истражувачите новинари да продуцираат и објавуваат истражување кое им помага на граѓаните подобро да го разберат функционирањето на институциите, нивните права и обврски, начинот на кој тие можат да влијаат врз донесувањето одлуки што се рефлектира во нивниот секојдневен живот и работа, како и како полесен пристап до услугите што ги дава државата. Врз основа на податоците што ги објави „Активна транспарентност“ во рамките на генералното рангирање на сите институции, Општина Теарцe е рангирана „Многу добра“ и е 52 по ред, додека во општинскиот аспект на општините од регионот на Полошкиот регион, Општина Теарцe е на второто место, што докажува дека ние како општина се потрудивме да бидеме максимално транспарентни кон граѓаните, кои имаат можност одблиску да ја следат нашата работа како јавна институција.

Нашата општина ќе биде доследна во своите цели и задачи на транспарентен начин да ги подигне вредностите и да излезе во пресрет на барањата на нашите граѓани.

Со почит,
Општина Теарце

Posted on October 04, 2024


Copyright © 2021 - Општина Теарце · All Rights Reserved