Зајакнување на општинските совети - Фаза 2 |
|
На 31.01.2025 година, со почеток во 12:30 часот, се одржа третата сесија на форумот во рамките на проектот „Зајакнување на советите на општините – Фаза 2“.
По одобрувањето на записникот од II сесија на форумот и презентирањето на критериумите за избор на проекти, започна презентацијата на предлог-проектите врз
основа на концептите кои беа одобрени на II сесија на форумот.
На третата сесија беа презентирани проектите од работните групи.
Проектниот форум е дел од Програмата „Зајакнување на општинските совети-фаза 2“ која е финансирана од швајцарската влада и Министерството за локална самоуправа,
а е кофинансирана и имплементирана од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со национални и локални партнери.
Целта на форумот е да се зголеми учеството на граѓаните во процесот на одлучување на локално ниво Форумот е алатка за учество на граѓаните во подготовката и
изборот на проекти кои ќе се реализираат во Oпштина Теарцe.
 |
 |
 |
Posted on February 12, 2025