Зајакнување на општинските совети - Фаза 2 |
|
На ден 25.11.2024 година (понеделник) во просториите на општинското основно училиште ”Кирил Пејчиновиќ”-Теарце, се одржа првата форумска сесија
во општина Теарце во рамките на проектот “Зајакнување на општинските совети - Фаза 2”.
Во рамки на Првата форумска сесија, учествуваа граѓани од различни области од Oпштина Теарце кои избраа една од понудените теми на која ќе се работи на
следните форумски сесии каде што ќе излезат проектни идеи/концепти за предлог проекти. Со нивно активно учество на оваа сесија, дискутираа за актуелните проблеми со кои
се соочуваат и понудија решенија за истите.
По воведното обраќање на Претседателот за Советот на Oпштина Теарце г.Бесник Османи кој вети поддршка на целиот форумски процес, следуваше презентација на
форумските теми по што жителите одлучија приоритетна тема и област од која ќе биде дефиниран проектот што ќе се реализира да биде од областа “Образование, млади и спорт”.
Форумот се реализира во рамки на Програмата “Зајакнување на општинските совети - Фаза 2” финансирана од Швајцарската Влада и Министерство за Локална Самоуправа,
а ја кофинансира и спроведува Програмата за Развој на Обединетите Нации (УНДП) во соработка со национални и локални партнери.
Планирани се вкупно пет форумски сесии, од кои последната ќе биде по имплементацијата на проектот на која ќе бидаат сумирани резултатите од целокупниот форумскиот процес.
За следната форумска сесија граѓаните ќе бидаат информирани.
Се надеваме на успешна соработка со граѓаните до крајот на сите предвидените сесии и избор на проект/и кој ќе биде за доброто на сите кои живеат во територијата
на Oпштина Теарце.
 |
 |
 |
Posted on November 29, 2024